Ви подаваме рака кога е најтешко

Платформата е раката која Ви ја подава Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Платформата се состои од серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации.

Дополнително имаме вклучено и забавни настани, но и индивидуална поддршка со лиценцирани психолози. 

Зошто е направена платформата?

Со оглед на стресната ситуација предизвикана од ковид-19, во која веќе подолго време се наоѓаме МСУ одлучи овој период да биде со вас и да им пружи помош на оние на кои им е потребна.

Факултетот по психологија при МСУ будно ги следи статистиките во однос на промената на менталното здравје кои во овој период бараат од нас да го вклучиме алармот. Пандемијата носи со себе многу нови ситуации кои кај сите нас предизвикуваат страв, несигурност, тага, гнев, меланхоличност, безнадежност…

За жал, статистиките покажуваат големо покачување во нарушувањата во менталното здравје.

Со таа цел, МСУ одлучи да подготви Платформа за психолошка поддршка и превенција која можат да ја користат сите граѓани.

Што нуди платформата?

Едукативни вебинари. Програмата ќе понуди серија бесплатни едукативни вебинари кои се со стручни теми од психологијата и преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и начинот како да се справува во одредени ситуација.

Забавен дел. Покрај стручните вебинари платформата ќе понуди и забавен дел во кој ќе можете да учествувате преку Zoom. Во забавниот дел нудиме неколку настани во кои ќе можеме да се дружиме, да разговараме, да патуваме виртуелно, да погледнеме и дискутираме некој филм, да се смееме и да споделуваме позитивна енергија. Овој дел нуди атмосфера која има за цел да не ослободи од секојдневните грижи и загрижувачки мисли.

Консултации со психолози. Платформата ќе понуди и бесплатни консултации со лиценцирани психолози и професори со кои ќе можете лично да исконтактирате и да добиете соодветна поткрепа и насоки за ваш личен проблем. Се разбира, ние ви нудиме 100% дискретност.