fbpx
Edit

За платформата

Платформата се состои од серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации.

Дополнително имаме вклучено и забавни настани, но и индивидуална поддршка со лиценцирани психолози. 

Контакт инфо

Се одржа вебинарот на тема „Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“

  • Почетна
  • -
  • Новости
  • -
  • Се одржа вебинарот на тема „Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“
 Се одржа вебинарот на тема „Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“

Вебинарот „Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“ се одржа во рамките на платформата за психолошка поддршка. Вебинарот го водеа доц. д-р Горица Поповска Налевска и м-р Марина Кузмановска, од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Гости на настанот беа Жанета Ристевска, психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Светлана Босилкова, родител и Борка Арсов, родител.

Да се препознае надареноста кај детето и да се насочи правилно за да ги развие и искористи максимално своите способности е предизвик на кој наидуваат практичарите на воспитно-образовната работа во училиштата, но и родителите.



Надарените деца често се поврзуваат со високиот коефициент на интелигенција и нивните високи постигнувања, но за да го откриеме вистинскиот потенцијал кај овие деца потребно е да се допре во структурата на нивната личност, на нивните потреби и нивните слаби страни бидејќи често надарените деца покажуваат асинхроничност во развојот на нивното интелектуално и социо – емоционално однесување.

Ако тргнеме од фактот дека и семејството и училиштето имаат една основна заедничка цел, а таа е правилен развој, воспитание и позитивна стимулација на младата личност, тогаш нејзиното успешно реализирање е незамисливо без континуирана и успешно организирана меѓусебна соработка.