fbpx
Edit

За платформата

Платформата се состои од серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации.

Дополнително имаме вклучено и забавни настани, но и индивидуална поддршка со лиценцирани психолози. 

Контакт инфо

Се одржа вебинарот „Одврзување од токсични релации“ со м-р Билјана Пешева

  • Почетна
  • -
  • Новости
  • -
  • Се одржа вебинарот „Одврзување од токсични релации“ со м-р Билјана Пешева
 Се одржа вебинарот „Одврзување од токсични релации“ со м-р Билјана Пешева

„Одврзување од токсични релации“ беше седмиот вебинар кој се одржа во рамките на платформата за психолошка поддршка. Вебинарот кој го водеше м-р Билјана Пешева претставува системски интегриран тренинг за емоционално ослободување од токсични улоги и релации по методот на психологот Филис Кристал.

Настанот се одржа на 14-ти мај со почеток од 20:00 часот и имаше над 300 учесници. Во рамки на настанот имаше и практична медитација.

Модератор на настанот беше актерот Марјан Ѓорѓиевски.



Темелот на методот на Филис Кристал е воспоставување на врска со повисоката свест (Higher Consciousness). Таа вели дека во нашата потсвест се содржи сето она што ни се случило уште од нашата најрана возраст и на кое не се сеќаваме свесно, но дека со помош на методата секој еден од нас може да дојде до искуството или улогата која што сме ја презеле несвесно тогаш и врз основа на која сме донеле одлука која се уште влијае врз нашиот живот.

Тие несвесни одлуки се нашите внатрешните енергетски врски преку кои сме се уште врзани со лицата, ситуациите, настаните и кои не спречуваат да водиме автентичен и здрав живот.

Филис Кристал (1914-2016) е психотерапевт од школата на Јунг и Ериксон, автор на голем број книги и креатор на психолошките техники за ослободување на лажниот идентитет и негативното програмирање кое го градиме во текот на нашиот живот.

М-р Билјана Пешева е позната по својот уникатен личен и професионален пристап во водењето на своите програми, семинари, ретрити, едукации и работилници и тоа повеќе од десет години, во земјата и странство.

Нејзиниот пристап е холистички (сеопфатен) и насочен кон подобрување на целокупната состојба на личноста и нејзина интеграција во општеството. Таа работи на развојот на личните вештини кај луѓето употребувајќи традиционални и модерни техники и методи со кои се надминува стресот и се подобрува личното физичко, ментално и емотивно здравје.

Нејзиното долгогодишно искуство на работа со и во групи е добиено преку едукација во трансакциска анализа на Д-р Ерик Берн, едукација во човечките вредности, Едукација за сеопфатна (холистичка) благосостојба (wellness) и многу други едукации и техники.

Таа во моментот држи обуки, тренинзи и едукации онлајн и во живо на тема подобрување на комуникацијата, ослободување од негативните емоции и градење на позитивна слика за себе .

Повеќе за м-р Билјана Пешева и нејзината работа можете да дознаете на https://www.healthylifeskills.mk/