Работилницата за цртање стрипови со Здравко и Давор беше петтиот настан што се организираше во рамките на платформата за психолошка поддршка. Настанот беше во забавниот дел на програмата на платформата, а работилницата ја водеа Здравко Гиров и Давор Драмиќанин.
Станува збор за онлајн креативна работилница преку која учесниците можеа да научат повеќе за тајните на цртањето стрипови, а можеа и самостојно да цртаат следејќи ги инструкциите на Здравко и Давор.
Имавме многу млади таленти кои ги следеа инструкциите на Здравко и Давор и цртаа за време на настанот. За време на настанот младите таленти ги споделија своите цртежи со останатите учесници.
Здравко Гиров (стрип цртач, илустратор, аниматор) и Давор Драмиќанин (стрип сценарист) се движечката сила на Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ”.
Нивната мисија е едукација на младите таленти за подобрување на визуелниот и наративниот дел во стрип приказните. Заедно имаат водено голем број работилници и стрип школи. Здружението „МАКСТРИПОВИ“ има за цел и да помогне во промоција на домашните стрип автори, преку организирање изложби и преку издавање промотивен стрип магазин Синдром.
Следете ги сите настани на нашата платформа за психолошка поддршка.