На 27 мај 2021 со почеток од 20:00 часот во рамките на платформата за психолошка поддршка се одржа вебинарот „Емоционална писменост“.
Вебинарот го водеше проф. д-р Ѓорѓина Ќимова, од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, а учество земаа и нашата студентка на Факултетот за психологија Јасмина Наумовска и отец Серафим. Во практичниот дел учество земаа и нашиот студент Игор Тошев и неговата соработничка Мартина Стеванова, студентка на Музичка академија.
Зборувавме за суштинската определба на емоционалната писменост, различните аспекти на емоционалната писменост и презентиравме повеќе начини за подигање на нивото на емоционална писменост.