fbpx
Edit

За платформата

Платформата се состои од серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации.

Дополнително имаме вклучено и забавни настани, но и индивидуална поддршка со лиценцирани психолози. 

Контакт инфо

Loading Настани

« Сите Настани

  • This event has passed.

Заедничко виртуелно кино – проекција на филмот „Јавачи на коњи“

11 мај 2021 @ 8:00 pm - 10:00 pm

На 11-ти мај со почеток во 20:00 часот ќе се одржи бесплатна проекција на македонскиот филм „Јавачи на коњи“ во Киноверзум.

Настанот ќе биде хибриден – со тоа што ќе овозможиме заинтересираните учесници да го следат настанот со физичко присуство, но и виртуелно, од своите домови. Тоа значи дека ќе можете да го проследите филмот преку платформата Zoom, а потоа и да се вклучите во дискусијата.

Влезниците можете да ги резервирате во Киноверзум (за физичко присуство) или да се регистрирате за настанот онлајн (за следење на настанот виртуелно).

Facebook линк: https://www.facebook.com/events/248205497098235/
Zoom линк: https://zoom.us/meeting/register/tJEtde2sqTojHtfV2riyTi-bhqzsxbDj_-tr

По завршување на филмот ќе дадеме психолошки осврт и ќе имаме дискусија за темите од психологијата кои се обработени во филмот. Дискусијата ќе се одвива онлајн и ќе ја водат нашите професори доц. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Мирослав Пендароски.

„Јавачи на коњи“ е македонски независен филм по сценарио на Никола Кузелов, а во режија на Марјан Гавриловски. Филмот раскажува за среќата, колку малку е потребно за да ја имаш и уште помалку за да ја изгубиш.

играат: Бобан Кулески, Никола Кузелов, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски, Кристијан Стојановски
режија: Марјан Гавриловски
сценарио: Никола Кузелов
директор на фотографија: Даниел Калач

Детали

Датум:
11 мај 2021
Време:
8:00 pm - 10:00 pm
Настан категорија:
Погледни Настан веб страна

Локација

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
ул. „Маршал Тито“ 77
Свети Николе, 2220 North Macedonia
+ Google Map