Во рамките на платформата за психолошка поддршка, на 19.05.2021 година, со почеток од 20:00 часот бевме на виртуелно патување до музејот на Зигмунд Фројд во Лондон, заедно со доц. д-р Ана Чучкова.
На ова возбудливо патување можевме да влеземе и да го разгледаме амбиентот каде што Фројд создавал и творел, како работел со своите клиенти и кои се неговите најинтересни сеанси.
Исто така, присутните на овој настан можеа да видат и видеа посветени на Фројд, во кои се раскажува за неговиот живот, неговото дело и психоанализата.
Најголем дел од патувањето беше посветено на библиотеката и неговата работна соба каде Фројд ги сослушувал своите клиенти, како и за неговата ќерќа Ана Фројд.
Виртуелното патување беше направено преку официјалната страница на Музејот на Фројд во Лондон.