„Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“ е 9-тиот вебинар во рамките на платформата за психолошка поддршка.
Facebook линк: https://www.facebook.com/events/232575358619105/
Zoom линк: https://zoom.us/meeting/register/tJAuf-6vqDwiHNay9MG_Z1qQr1JjSjamXR0N
Вебинарот ќе го водат доц. д-р Горица Поповска Налевска и м-р Марина Кузмановска, од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Гости на настанот ќе бидат Жанета Ристевска, психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Светлана Босилкова, родител и Борка Арсов, родител.
Да се препознае надареноста кај детето и да се насочи правилно за да ги развие и искористи максимално своите способности е предизвик на кој наидуваат практичарите на воспитно-образовната работа во училиштата, но и родителите.
Надарените деца често се поврзуваат со високиот коефициент на интелигенција и нивните високи постигнувања, но за да го откриеме вистинскиот потенцијал кај овие деца потребно е да се допре во структурата на нивната личност, на нивните потреби и нивните слаби страни бидејќи често надарените деца покажуваат асинхроничност во развојот на нивното интелектуално и социо – емоционално однесување.
Ако тргнеме од фактот дека и семејството и училиштето имаат една основна заедничка цел, а таа е правилен развој, воспитание и позитивна стимулација на младата личност, тогаш нејзиното успешно реализирање е незамисливо без континуирана и успешно организирана меѓусебна соработка