fbpx
Edit

За платформата

Платформата се состои од серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации.

Дополнително имаме вклучено и забавни настани, но и индивидуална поддршка со лиценцирани психолози. 

Контакт инфо

Loading Настани

« Сите Настани

  • This event has passed.

Цртаме стрипови со Здравко и Давор

12 мај 2021 @ 8:00 pm - 10:00 pm

Цртаме стрипови со Здравко и Давор е петтиот настан што се организира во рамките на платформата за психолошка поддршка. Настанот е во забавниот дел на програмата на платформата.

Facebook линк: https://www.facebook.com/events/334182511373031/
Zoom линк: https://zoom.us/meeting/register/tJIvcO-przgvG92Qa_oEYLj62GiraSCGaMU_

Станува збор за онлајн креативна работилница преку која ќе можете да дознаете повеќе за тајните на цртањето стрипови, а ќе можете и самостојно да пробате да нацртате нешто. Затоа, Ве советуваме да имате до вас молив и хартија, можеби ќе Ве инспирираме да направите вистинско ремек дело.

Работилницата ќе ја водат Здравко Гиров и Давор Драмиќанин.

Здравко Гиров (стрип цртач, илустратор, аниматор) и Давор Драмиќанин (стрип сценарист) се движечката сила на Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ”.

Нивната мисија е едукација на младите таленти за подобрување на визуелниот и наративниот дел во стрип приказните. Заедно имаат водено голем број работилници и стрип школи.

Здружението „МАКСТРИПОВИ“ има за цел и да помогне во промоција на домашните стрип автори, преку организирање изложби и преку издавање промотивен стрип магазин Синдром.

Детали

Датум:
12 мај 2021
Време:
8:00 pm - 10:00 pm
Настан категорија:
Погледни Настан веб страна

Локација

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
ул. „Маршал Тито“ 77
Свети Николе, 2220 North Macedonia
+ Google Map