fbpx
Edit

За платформата

Платформата се состои од серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации.

Дополнително имаме вклучено и забавни настани, но и индивидуална поддршка со лиценцирани психолози. 

Контакт инфо

Loading Настани

« Сите Настани

  • This event has passed.

Одврзување од токсични релации

14 мај 2021 @ 8:00 pm - 10:00 pm

„Одврзување од токсични релации“ е седмиот вебинар во рамките на платформата за психолошка поддршка.

Facebook линк: https://www.facebook.com/events/511005466587082
Zoom линк: https://zoom.us/meeting/register/tJ0ldOmvrz8sG9FDMuGeBSPFJKJXXgb2nSsE

Вебинарот претставува системски интегриран тренинг за емоционално ослободување од токсични улоги и релации по методот на психологот Филис Кристал.

Темелот на методот на Филис Кристал е воспоставување на врска со повисоката свест (Higher Consciousness).

Таа вели дека во нашата потсвест се содржи сето она што ни се случило уште од нашата најрана возраст и на кое не се сеќаваме свесно, но дека со помош на методата секој еден од нас може да дојде до искуството или улогата која што сме ја презеле несвесно тогаш и врз основа на која сме донеле одлука која се уште влијае врз нашиот живот.

Тие несвесни одлуки се нашите внатрешните енергетски врски преку кои сме се уште врзани со лицата, ситуациите, настаните и кои не спречуваат да водиме автентичен и здрав живот.

Филис Кристал (1914-2016) е психотерапевт од школата на Јунг и Ериксон, автор на голем број книги и креатор на психолошките техники за ослободување на лажниот идентитет и негативното програмирање кое го градиме во текот на нашиот живот.

М-р Билјана Пешева е позната по својот уникатен личен и професионален пристап во водењето на своите програми, семинари, ретрити, едукации и работилници и тоа повеќе од десет години, во земјата и странство.

Нејзиниот пристап е холистички (сеопфатен) и насочен кон подобрување на целокупната состојба на личноста и нејзина интеграција во општеството.

Таа работи на развојот на личните вештини кај луѓето употребувајќи традиционални и модерни техники и методи со кои се надминува стресот и се подобрува личното физичко, ментално и емотивно здравје.

Нејзиното долгогодишно искуство на работа со и во групи е добиено преку едукација во трансакциска анализа на Д-р Ерик Берн, едукација во човечките вредности, Едукација за сеопфатна (холистичка) благосостојба (wellness) и многу други едукации и техники.

Таа во моментот држи обуки, тренинзи и едукации онлајн и во живо на тема подобрување на комуникацијата, ослободување од негативните емоции и градење на позитивна слика за себе .

Повеќе за неа и нејзината работа можете да дознаете на https://www.healthylifeskills.mk/

Детали

Датум:
14 мај 2021
Време:
8:00 pm - 10:00 pm
Настан категорија:
Погледни Настан веб страна

Локација

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
ул. „Маршал Тито“ 77
Свети Николе, 2220 North Macedonia
+ Google Map