„Резилиентноста како начин за борба против стресот и последиците што ги остава врз менталното здравје и квалитетот на живот“ е вториот вебинар во рамките на платформата за психолошка поддршка.
Работилницата ќе ја води Ида Протугер, сертифициран лајф и бизнис коуч.
Facebook линк: https://www.facebook.com/events/323224955884845/
Zoom линк: https://zoom.us/meeting/register/tJAuce-sqj4pGdXhjcPFF5a5cGN9nxD7o29f
Стресот како феномен и болестите поврзани со него се сметаат за предизвици на новото време. Зајакнувањето на резилиентноста (менталната отпорност) станува главна стратегија за борба со стресот и последиците што ги остава врз менталното здравје. Јакнењето на отпорноста се покажа како корисна стратегија за превенција на менталното здравје во корона-панедемијата.
Ида Протугер дипломирала психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Работела како новинар од 1999 до 2017 година во повеќе медиуми, главно на позиција главен уредник на еконмски вести во Канал 5 ТВ (2002 – 2006) и во Алфа ТВ (2008- 2010), автор и водител на дебатна емисија „Маркет 168“ во Алфа ТВ, новинар-уредник во „Дневник“ и „Граѓански“, колумнист во Фокус.
Во моментот пишува колумни на тема личен развој и бизнис коучинг за Дојче веле на македонски јазик. Од 2015 година живее во Виена каде завршува дополнително образование за тренер за личен развој и бизнис коучинг на Институтот „Кепос“ во Виена, Австрија (2017 до 2020 г).
Работи како сертифициран лајф и бизнис коуч од јануари 2020 година.
Потесно поле на интерес и хуманистичка психологија, а темите на кои работи се градење продуктивни приватни и професионални релации, лидерство и предизвици при носење важни одлуки.